in

Ливерпул победи на Стемфорд Бриџ

Ливерпул испрати силна порака и ги покажа нивните амбиции за бранење на титулата во Премиер Лигата откако ги победи Челси на Стемфорд Бриџ. Голманот на Сините имаше уште еден катастрофален натпревар. Играчите на Клоп беа во контрола на натпреварот уште пред црвениот картон на Кристенсен, но тој настан целосно го промени текот на мечот во корист на Ливерпул.

Мане веднаш стрелаше на самиот почеток на второто полувреме, а неколку минути подоцна Кепа направи фатална грешка со што му подари на Сенегалецот и втор гол. Мизерниот ден на Челси не заврши тука, за работите да бидат полоши, Жоржињо промаши пенал и не успеа да ја намали предноста на Ливерпул. Тимот од Енфилд успеа да го заврши натпреварот со 2 гола предност.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote