in

Македонија со кикс против Естонија

Тоа што требаше да биде сигурна победа за нашата репрезентација, заврши со нерешен исход. Во почетокот на натпреварот изгледаше дека ова ќе биде лесен натправар по автоголот на Куск во мрежата на Естонија, но сепак не беше така. Естонците се вратија во живот по голот на Сапиен во 33тата минута и со резултат 1:1 заврши првото полувреме.

Селекеторот мораше да менува и на местото на Хасани влезе Барди. Но Сапиен го постигна својот втор погодок во 61вата минута и ја однесе во водтство својата репрезентација. Трајковски имаше шанса да го израмни натпреварот од белата точка, но не беше прецизен. Ливак ко постигна 3тиот гол за Естонија и го зголеми водството на 2 гола разлика. Горан Пандев и Зајков во последните 10 минути од натпреварот ни донесоа бод и не спасија од голем срам против Естониа која немаше победа во последните 10 натпревари.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote