in ,

Маките на Мурињо не престануваат. Уште еден напаѓач постана невозможна мисија

Спарси никако да ја најдат идеалната замена за Кејн

Се чини дека Фернандо Љоренте своевремено ја носеше улогата напаѓач но, грешка беше одлуката на управата да му дозволи да го напушти клубот.

Од неговото заминување Спарси се во голем проблем. Кејн доживеа тешка повреда и Мурињо остана без класичен напаѓач. Португалецот уште од јануари инсистираше да се најде замена за Кејн но постојано имаше некој проблем.

Реал Сосиедад назначил астрономска цена за Вилијан Хосе.

Ова лето кружеа доста шпекулации во јавноста за Единсон Кавани, Лука Јович, Оли Воткинс и многу други но на крај останаа само шпекулации.

Клубот се обиде да го донесе аргентинскиот репрезентативец од редовите на Баер Леверкузен, но Руди Фелер им даде негативен одговор.

Како потенцијални мети останаа уште Аркадијуш Милик од Наполи и Кристијан Бентеке од Кристал Палас, секако дека Пољакот е подобро решение, новинар од внатрешноста на клубот Аласдер Голд јавува дека пронајдено е решение. Останува да се види дали информациите се вистински.



Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote