in

„Никогаш немав проблем со Бејл“ – Зидан

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека никогаш немал проблем со Бејл. Бејл, 31, се приклучи на Тотнем на позајмица од Реал Мадрид. Зидан рече дека не зборувал со велшанинот пред да замине за Лондон. 

Позајмицата на Бејл сеуште не е објавена официјално и во саботата Зидан изјави дека „договорот сеуште не е постигнат“.

„Не е баш како што мислите. Комплицирано е. Со Бејл е секогаш различна работа. Но јас никогаш немав проблем со него. Сега тој сака да направи промена и јас му посакувам се најдобро. Ваквите работи се случуваат во фудбалот, но јас секогаш велев дека тој е спектакуларен играч.“ – изјави Зидан за медиумите.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote