in

Поништени казнените бодови за Хамилтон од денешната трка

Делегатите на Формула 1 се одлучија да ги поништат казнените поени на лиценцата на Хамилтон што ги заработи за време на денешната трка. Два казнени поени беа доделени на Британецот откако тој направи грешки уште пред стартот на трката. Но F1 се одлучи дека овие поени се неважечки и наместо тоа го казни тимот на Мерцедес со парична казна во износ од 25,000 евра.

Хамилтон доби и казна од 10 секунди, со што ја пропушти победата во Сочи аутодромот. Неговиот тимски колега успеа да слави во Русија и тоа беше негова 9та победа во кариерата, втора оваа сезона. Ботас е сега на само 44 бодови зад Хамилтон во табелата за шампионската титула. Хамилтон не успеа да го изедначи рекордот на Шумахер за 91 победа, но ќе се обиде по втор пат во трката на Нинбургринг на 11 Октомври.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote