in

Рудигер: „Одбив понуди од други клубови за да останам во Челзи“

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер ја искажа својата детерминација за да се избори за место во првиот тим на Челзи откако изјави дека одбил многу понуди од други клубови минатото лето. Рудигер пристигна во Челзи за 38 милиони евра од Рома во 2017.

Во последно време Рудигер не е во плановите на Лампард, па дури не е и на клупата за резерви. „Клубот не ми соопшти дека треба да барам нов клуб и дека Лампард ме нема во неговите планови. Одбив неколку понуди ова лето и сакам да се борам за место во клубот. Ми прија животот во Лондон и ми се допаѓа Челзи“ изјави Германецот.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote