in

Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос

Трократниот шампион Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос поради повреда на тетивата. 39 годишната тенисерка требаше да го одигра мечот во втората рунда против бугарската тенисерка Цветлана Пиронкова денеска. Американката има 23 Гренд Слем титули на нејзиното име и се обидува да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 титули.

„Мислам дека ми се потребни 4 до 6 недели пауза. Се мачев со движењето и тоа е знак дека треба да закрепнам. Повреда на тетивата е повреда со која мора да имам сериозен пристап. Се надевам дека ќе се вратам посилна“ изјави Серена.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote