in

Се враќа на клупата: Пол Сколс, менаџер на Салфорд Сити

Легендата на Манчестер Јунајтед и еден од косопствениците на Салфорд Сити, Пол Сколс, привремено ќе го води овој тим по заминувањето на менаџерот Греам Александер.

Pol Skols

Салфорд Сити го замени Греам Александер, кој го воведе клубот во англиската фудбалска лига во сезоната 2018-19.
Салфорд моментално е петти во четвртиот ранг на англискиот фудбал (Лига два), откако оствари две победи и три нерешени резултати на првите пет натпревари.

Пол Сколс е еден од косопствениците на клубот заедно со поранешните соиграчи од Манчестер Јунајтед („Генерација 92“) Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Ники Бат и браќата Гери и Фил Невил.
„Пол Сколс привремено ќе биде првиот тренер на тимот, се додека не клубот пронајде нов менаџер. Тренерот на резервниот тим Ворен Џојс моментално е во изолација, ќе му се придружи на Пол како асистент кога ќе може„ се вели во соопштението на клубот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote