in

Томас Партеј потпиша за Топџиите од Лондон

Арсенал го потпиша средишниот играч Томас Партеј од Атлектико Мадрид во трансфер вреден 50 милиони евра. 27 годишниот играч за врска од Гана настапи на 35 натпревари и постигна 3 погодоци минатата сезона за екипата на Диего Симеоне. Тој одигра 188 натпревари во неговата кариера за Атлетико Мадрид откако се приклучи на клубот во 2011.

Уругвајскиот играч Лукас Тореира, 24, се пресели во Атлетико од Арсенал на едногодишна позајмица. Арсенал се поврзуваше со Партеј целото лето, но на последниот ден на трансфер периодот успеа да го склучи договорот. „Ние го следевме Томас веќе долго време, тој ги има потребните квалитети за да се приклучи на нашиот состав. Многу сме среќни што потпиша за Арсенал“ изјави тренерот на Топџиите Микел Артета.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote