in

Турција сепак не дозволува публика на Турското Гран При

Организаторите на Турското Гран При се откажаа од идејата да дозволат гледачи на трката која ќе се оддржи следниот месец. Патеката во Истамбул се надеваше дека ќе привлече до 100,000 фанови со нејзиното враќање на F1 календарот на 15ти Ноември за прв пат по 2011 година.

Но поради зголемувањето на заразените од коронавирусот и заканата од нови импортирани случаи од туристите, турците се одлучија дека Турското Гран При ќе се оддржи без публика. Градоначалникот на Истанбул изјави дека оваа одлука била донесена денеска (понеделник) и трката ќе се оддржи во затворени врати.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote