in

Уште една „утната“ реставрација! [ФОТО]

Катастрофите за обновување на важни уметнички дела се чести и кај нас и во светот.

Најновиот скандал доаѓа од Шпанија каде еден столар уништил слика на Дева Марија од 17ти век.

Според извештајот на „Спутник“ заснован на шпанскиот печат, еден колекционер на уметности ангажирал реставратор за мебел за 1200 евра за да изврши обнова на копија од познатата слика „Беспрекорна концепција“ (Беспрекорната трудност на Марија) од уметникот по име Бартоломе Естебан Муриillо.

Но после обновата лицето на Дева Марија било непрепознатливо. После неколку обиди да се поправи грешката резултирало со уште поголема катастрофа. Во прилог е оргиналот (лево), и двата неуспешни обида (десно).

Шпанска професионална асоцијација на реставратори на историски артефакти побара од властите закон со кој ќе се казнуваат вакви несовесни „уметници“.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote