in

Филмови на Tom Hanks што ги очекуваме во иднина

Оскаровецот Tom Hanks имаше турбулентен период изминативе неколку месеци. Откако беше константирано дека глумецот е заболен од коронавирусот тоа ги загрижи неговите фанови. Но за среќа сето тоа помина и сега е време за да ги разгледаме неговите следни проекти. Еве неколку од нив:

News of the World – 25 Декември, 2020

Филмот е базиран на новелата на Paulette Jiles и ја раскажува приказната за човек роден во Тексас кој патува низ Дивиот Запад после граѓанската војна и го информира локалното население за случувањата во светот.

BIOS – 16 Април, 2021

Моментално пред продукција, драмата ја опишува врската помеѓу ликот што го толкува Tom – Finch и неговото куче. Finch се обидува да изгради робот кој се надева дека ќе се грижи за неговото куче, после неговата смрт.

Драма за Elvis Presley без наслов – 5 Ноември, 2021

Овој проект на Tom Hanks успеа да го привлече вниманието на фановите на рокенрол музиката. Приказната за овој филм сеуште не е позната, но тоа што е познато е дека филмот ќе се фокусира на „кралот на рокенролот“ – Elvis Presley.

Pinocchio – датумот сеуште не е одреден

Дизни го преработува иконскиот цртан филм – Пинокио и го носи на филмските платна во live-action варијанта. Тажната приказна за марионетата која се стреми да биде човек со чувства и нејзиниот сопственик Џепето се очекува да ја има својата премиера на крајот на 2021 или почетокот на 2022. Tom Hanks ќе го толкува ликот на Џепето.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote