in

„Хамилтон никогаш нема да биде најдобар на сите времиња“

Легендата на F1 Џеки Стјуарт изјави дека не го смета Хамилтон како најдобар на сите времиња во најбрзиот спорт во светот. И покрај успехот на Луис, Стјуарт верува дека супериорноста на Мерцедес му дава нефер предност на Британецот во споредба со остатокот на гридот.

„Луис е неверојатен возач не сакам да му ги оспорам неговите квалитети. Кога Фанџио се тркаше, тој возеше на таков начин што беше просто неверојатно. Тој никогаш не правеше договори подолго од 1 година и често менуваше екипи. Луис направи одлична одлука да го замени МекЛарен за Мерцедес. Но искрено, супериорноста на Мерцедес е дури нефер за останатите тимови во F1. Им симнувам капа на Мерцедес, Тото Волф и Ники Лауда за правењето на тој фантастичен тим. Но да кажам дека Луис е најдобар на сите времиња, тое е малку тешко за мене“ изјави Џеки Стјуарт.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote