in ,

Шпанецот за заминувањето: Чекав Јовиќ да си замине…

Напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал замина на двегодишна позајмица во Рома и по тој повод истакна дека инсистирал за да го напушти кралскиот клуб за да ги добие посакуваните минути.

Borha Majoral

Играчот не успеа да се избори за првиот тим кај Зидан. Карим Бензема е недопирлив во нападот, а тука се Маријано Диас и Лука Јовиќ.

Судејќи според изјавата, Мајорал чекаше српскиот играч да го напушти клубот за да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Но тоа не се случи, па на крајот тој мораше да најде нова средина со поголема минутажа.

„Тренерот ме сакаше и рече дека клубот сака да ме заржи. Се бараше решение Јовиќ да замине некаде, го чекаа тоа, но на крајот не замина. Затор, разговарав со Зидан и му реков дека дефинитивно ќе го напуштам Реал со цел да играм некаде и да продолжувам да напредувам. Не можев да одбијам клуб како Рома„ рече 23 годишниот напаѓач.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote