in

10 здрави намирници за прочистување на организмот

Детоксикацијата (процес на чистење на телото) неодамна стана трендовска работа, но за жал, најпопуларните „третмани“ не се безбедни и, во најголем дел, не се здрави. Ако навистина сакате да го исчистите вашето тело од токсини, доволно е да јадете правилно – уживајте во следниве десет намирници кои ќе ви помогнат во тоа.

Зелка

Овој вкусен зеленчук има сулфур во својот состав, што е од суштинско значење кога станува збор за распаѓање на хемикалии во организмот. Сулфурот помага во елиминирање на скоро сè, од пестициди до лекови (ова може да биде штетно ако остане во организмот подолго).

Лимон

Лимонот содржи високо ниво на антиоксиданти и витамини кои го штитат црниот дроб и ги елиминираат хемикалиите во вашето тело. Редовното консумирање на лимон може да го подобри здравјето.

Брокула

Овој зеленчук е вистинска ризница на антиоксиданти кои го чистат организмот, а исто така е многу богат со ензими кои му помагаат на вашиот дигестивен систем ефикасно да работи.

Лук

Бидејќи содржи големи количини на сулфур, лукот е одлична храна за детоксикација. Исто така, има својства на антибиотик и може да помогне при лекување.

Цвекло

Цвеклото содржи големи количини бетаин и пектин кои помагаат во заштитата на црниот дроб и дигестивниот систем. Одличен е за чистење на организмот од токсини, а може да го јадете и суров.

Грејпфрут

Овој вкусен цитрус помага при чистење на дигестивниот систем, а исто така може да спречи развој на камења во бубрезите. Содржи многу ниско ниво на шеќер и калории, па затоа е одлична храна за диета.

Семки од сончоглед

Покрај тоа што се одлични закуски, семето од сончоглед може да го детоксицира црниот дроб. Тие исто така можат да ги елиминираат штетните токсини од телото и да спречат раст на лошиот холестерол.

Леќа

Леќата помага при чистење на дигестивниот систем и детоксикација на целото тело. Исто така, го намалува нивото на лош холестерол и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Брусница

Одличен е за спречување на инфекции на уринарниот тракт, но може да ви помогне и да се ослободите од токсините од телото. Брусниците имаат антибактериски својства, а можете да ги консумирате свежи, сушени или во форма на чај.

Авокадо

Авокадото е природен извор на антиоксиданти, вклучително и глутатион, антиоксиданс кој го чисти организмот пренесувајќи штетни токсини.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote