in

108-годишна Италијанка прими вакцина против коронавирусот! [ФОТО]

Фатима Негрини, која ќе наполни 109 години на почетокот на јули, е една од најстарите луѓе кои примиле вакцина против вирусот корона, неколку месеци откако се опорави од инфекцијата.

Таа била вакцинирана во старечкиот дом „Ани Азури Сан Фаустино“ во Милано, заедно со другите жители на домот.

„Пристигнувањето на вакцината за неа, сите одделенија и персоналот е момент на голема среќа и првиот чекор кон враќање на мирното секојдневие во објектот“, рече Матео Тесароло, портпарол на домот.

Италија од почетокот на вакцинацијата на 27 декември вакцинира 1,15 милиони луѓе.

Вчера вакцината ја прими и Сами Модијано, 90-годишен преживеан од холокаустот од Рим.

Фотографијата од неговата вакцинација ја објави на Твитер лидерот на Демократската партија на левиот центар, Никола Зингарети.

„Фотографија на доверба и надеж за сите“, напиша Зингарети.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote