12 годишно момче од Оклахома почина како последица од опасен предизвик на видео платформата ТикТок.
На 19 јули, полицијата беше повикана во станот на момчето и тоа беше пронајдено без свест со модринки околу вратот. Момчето, кое имало само 12 години, итно било пренесено во детската болница во Оклахома, кадешто починало следниот ден.
Според медиумот News 9, семејството ги информирало детективите дека момчето не се обидело да се самоубие, туку учествувало во нов опасен предизвик кој се шири на социјалната платформа ТикТок.