in

12 годишно дете од САД стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот!

12 годишно дете со потекло од Индија стана најмладиот велемајстор на сите времиња во шахот, според Интернационалната Шаховска Федерација.

На само 12 години, 4 месеци и 25 дена Абиманју Мишра го сруши рекордот кој претходно го држеше рускиот велемајстор Сергеј Карјакин, кој ја доби титулата на 12 години и 7 месеци.

Абиманју живее во Њу Џерси, САД и стигна до потребниот рејтинг од 2500 Ело на 30 јуни откако победи во турнирот во Будимпешта. На овој турнир тој го победи велемајсторот Леон Лук Мендонка. Со таа победа, шахистот ја доби највисоката титула во шахот.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote