2021 можно е да биде потешка година од пандемијата од 2020 со оглед на брзината на ширењето на корона вирусот и со појавата на неколку мутирани видови од истиот вирус, соопшти Светската Здравствена Организација.
-Влеговме во втората година од пандемијата и можно е таа да биде потешка од првата, кога ќе го земеме во предвид брзината на ширењето на вирусот – изјави претставникот на СЗО, Мајк Рајан.
СЗО извести дека само минатата недела се регистрирани 5 милиони случаи на Ковид-19 во целиот свет.
Коментари
Loading…