in

WTFWTF Што?Што?

Лекарите извадиле 233 предмети од стомакот на пациент

Лекарите од Ван, град во Турција, за време на операцијата извадиле 233 туѓи предмети од стомакот на 35-годишен пациент, вклучувајќи монети, батерии, магнет, клинци, парчиња стакло, камења и завртки.

При ултразвучниот и рендген прегледот констатирано е дека во стомакот на пациентот има бројни туѓи предмети.

Тој бил опериран, а од стомакот му биле извадени 233 туѓи предмети, меѓу кои 83 монети од една лира, батерии, магнет, клинци, парчиња стакло, камења и завртки.

Процедурата траела два часа, а пациентот ќе биде задржан неколку дена.

Хирургот Серхат Биничи за Анадолија изјави дека неговиот стомак е целосно исчистен од туѓи предмети.

„Ова не е нешто што често се гледа кај возрасните, најчесто се работи за деца кои несвесно голтаат туѓи предмети. „Кога станува збор за возрасни, тоа се најчесто случаи кога пациентите имаат психички проблеми, затвореници или жртви на злоупотреба“, рече Биници.

Тој додаде дека споменатиот пациент претходно голтнал 75 клинци.

„Состојбата на пациентот е стабилна. Почна да внесува вода и храна. Ќе ја следиме ситуацијата“, изјави Биници за агенцијата.

Главниот лекар на болницата Умит Халук Иликлерден рече дека граѓаните треба да се предупредат да внимаваат поради опасноста децата и пациентите со ментални нарушувања да голтнат некои предмети.

Братот на пациентката Бурхан Демир рече дека веднаш побарале помош од лекар и му се заблагодари на тимот за сработеното.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote