in

3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.

Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица.

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година.

Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби.

Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни. Овие лица и тешко можат самостојно да си обезбедат соодветна здравствена заштита и затоа е потребно секоја држава целосно да им помага на лицата со пречки во развојот.

Во Северна Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини.

Иако на лицата со инвалидност им припаѓаат сите права коишто се загарантирани со универзалните документи усвоени под закрилата на ООН, тие се уште се среќаваат со голем број на препреки во нивното остварување. За жал, се уште има предрасуди, маргинализација, дискриминација.

Во Македонија, како што е наведено во соопштението објавено на веб страната на ИЈЗ, видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој се уредува со Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој и според него лица со пречки во физичкиот или психичкиот развој кои имаат специфични потреби се:

  • лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)
  • лица со оштетен слух (глуви и наглуви)
  • лица со пречки во гласот, говорот и јазикот
  • телесно инвалидни лица
  • ментално ретардирани (лесно, умерено, тешко и длабоко)
  • аутистични лица
  • хронично болни лица
  • лица со повеќе видови на пречки.

Општо земено причините кај сите видови недостатоци можат да бидат хередитарни (наследни), конгенитални (вродени) и аквирирани (подоцна стекнати).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote