in

3 рецепти за домашна посна паштета: Највкусни намази за секој ден!

Нивниот вкус ќе “вe купи” уште на првиот залак 🙂

Кој вели дека за време на пости не можете да јадете вкусна храна?

Ви предлагаме да пробате домашна паштета, што сигурно ќе го направи вашиот пост поубав и полесен со нејзиниот вкус!

  1. Паштета од зеленчук и сенф (пост на вода)

Состојки: 300 гр компири, 100 гр моркови, 50 гр пашканат, мала главица кромид, 50 гр бланширани кикирики, една лажица сенф, две мали чешниња лук, малку сол, зачини по вкус.

Подготовка: Сварете го зеленчукот во вода. Исчистете го и измијте го кромидот, па ставете да се свари. Изблендирајте сè заедно, па додадете лажица сенф, мелени кикирики и ситно сецкан лук. Посолете по вкус, додадете вегета, бибер, чили по желба … Измешајте добро да се соедини сè и оставете да се излади.

  1. Посна паштета од семиња и зеленчук

Состојки: 100 гр семе од сончоглед, 40 гр мелено семе од сусам, 75 гр свеж морков, 15 гр црвен кромид, 1 чешне лук, 2 лажици јаболков оцет, 1 лажица сок од лимон, 3 лажици маслиново масло, сол по вкус.

Подготовка: Потопете го сончогледот во вода 8 часа. Исцедете ги семињата и ставете ги во блендер со сите други состојки освен семето од сусам, па измешајте така да добиете мазна смеса. Додадете масло, ако е премногу суво, додадете малку повеќе. На крај додадете мелено семе од сусам и измешајте 1 минута. Чувајте ја паштетата во стаклена тегла најмногу 5 дена.

  1. Посна паштета од кикирики

Состојки: 3 компири, 3 моркови, 250 гр печени кикирики, 2 чешниња лук,
1 лажичка сенф, сол и бибер по вкус.

Подготовка: Сварете и пасирајте компири и моркови, а потоа додадете мелени кикирики. Додадете други зачини и измешајте сè добро. Ако сакате, можете да додадете и малку рендана кисела краставица.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote