Холестеролот може да биде фатален доколку навреме не се стави под контрола. Затоа, ви носиме листа на намирници во кои демне голема опасност и листа на намирници кои се способни да го „намалат холестеролот“
1. Крем сирење
Околу 30 грама крем сирење содржи 100 калории, а речиси 90 проценти од калориите во крем сирењето доаѓаат од мастите, а најголемиот дел од мастите во оваа храна се заситени. Оваа нездрава маст е штетна за срцето бидејќи ги зголемува липопротеинот со ниска густина – ЛДЛ или лошиот холестерол што ги затнува артериите.
2. Путер или маргарин
Проблемот е што само една лажица путер содржи 31 g холестерол и многу заситени масти, кои не само што го зголемуваат нивото на „лошиот“ LDL холестерол, туку и ја намалуваат количината на „добриот“ или HDL холестеролот.
3. Сладолед
Дел од само 85 g може да содржи дури 45 mg холестерол.
4. Патка месо
Месото од патка е добар извор на протеини, ниацин, фосфор, рибофлавин, железо, цинк, витамин Б-6 и тиамин… но содржи високо ниво на холестерол, особено ако се јаде со кожа. Порција од 85 грама варена патка со кора содржи 70 милиграми холестерол, што е околу 25 отсто од препорачаната граница од 300 милиграми холестерол дневно за здрави возрасни лица, пишува Еклиника.
Постојат дури пет намирници кои успешно ги чистат крвните садови:
1. Алги
Полни се со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Ова е сè што му е потребно на нашиот организам за да ја одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат да се намали крвниот притисок и да се прошират крвните садови.
2. Сина риба: туна или лосос
Синото рибино масло содржи амино киселини со неверојатно корисни својства. Секако, станува збор за омега 3 масни киселини, кои помагаат во балансирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта.
3. Овесна каша
Овесната каша за појадок ќе ни ја даде потребната енергија за да издржиме до ручек. Ќе го забрза и нормализира метаболизмот, а освен тоа содржи и влакна кои ја намалуваат способноста на холестеролот да се „лепи“ за ѕидовите на артериите.
4. Соја
Изофлавоните, кои се дел од неговиот нутритивен состав, значително го намалуваат холестеролот и триглицеридите во крвта.
5. Домат
Ако сакате здраво срце, кога е сезона – јадете домати. Ова овошје е богато со ликопен, моќен антиоксиданс. Најдоброто нешто кај доматите е нивната разновидност: можете да ги јадете како салата, во супа или чорба, или печени во рерна со пиперки и модар патлиџан.