in

Двојка пронашла 18 ЗМИИ под нивниот кревет

Чудовиштата под креветот обично се дело на фантазијата на децата, но едно семејство во Џорџија беше шокирано кога откри дека суштествата во нивната спална соба се многу реални.

Trish Wilcher оваа недела се огласи на Фејсбук за да ги сподели своите искуства, што истовремено е и нејзината ноќна мора. Таа раскажа дека таа и нејзиниот сопруг Max се подготвувале да си легнат во неделата вечерта кога на подот забележала некаков предмет.

Таа се обидела да го земе, но набрзо стана свесна дека тоа не е било што, бидејќи предметот започнал да се движи

На Фејсбук, Wilcher објасни дека била преплашена кога ги забележала змиите во нејзината спална соба. Првично изброила девет суштества, но откако таа и нејзиното семејство ја провериле спалната соба пронашле вкупно 17 мали змии, плус нивната мајка која што се криела под креветот.

Сопругот Max ги изнел змиите во блиската област. И покрај тоа што нејзиниот сопруг ги отстранил змиите, Wilcher призна дека веројатно нема да заспие откако пронашла толку многу “суштества” во нејзината соба.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote