in

СмешноСмешно

Пуста љубопитност – 5 часа заглавена со главата во решетките од вратата на комшијата, сакала да „провери дали се дома“

ЉУБОПИНА жена од колумбискиот град Ла Вирџинија стана позната на Интернет кога се појавија фотографии од нејзиното спасување и вадење на нејзината глава заглавена помеѓу решетките од вратата на соседот.

Неименуваната „загрижена соседка“ поминала пет часа меѓу металните шипки додека пожарникарите не ја извлекле. Таа тврдела дека сакала да провери само дали соседите се дома и главата и се лизнала низ решетките. На крајот некој ја слушнал како вика и повикал полиција.

Не е јасно дали се обидувала да шпионира, но успеала да ги насмее и нејзините спасувачи и луѓето од социјалните мрежи, кои биле привлечени од фотографиите на Фејсбук страницата на локалната радио станица Ла Рока ФМ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote