in ,

СлаткоСлатко

7 намирници против висок крвен притисок

1. Киви

Покрај тоа што се богати со витамин Ц, кивите помагаат и при намалување на крвниот притисок. Најдобро е да ги јадете свежи во овошни салати.

2. Обичен јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат врз здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, а можете да го искористите и за подготовка на нискокалорични преливи за салата и јадења со месо.

3. Бел грав

Калиумот, магнезиумот и калциумот во голема мера се содржат во гравот кој благотворно делува врз намалување на крвниот притисок. Можете да го јадете во вид на манџа, да правите супи од него, да го додадете во салати или да направите пире од грав.

4. Праски

За многумина праските се омиленото летно освежување. Добро е да се знае дека содржат многу хранливи материи и витамини кои поволно делуваат врз здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смуди од нив.

5. Банани

Една банана со средна големина покрива 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Најдобро од сè е тоа што кога бананата ќе презрее, не мора да ја фрлате. Ставете ја во замрзнувач, а потоа направете леден десерт.

6. Кељ

Овој вид лиснат зеленчук се нарекува и суперхрана поради големата количина на антиоксиданси и нискокалоричен состав. Можете да го јадете свеж, во салата или да го варите.

7. Брокула

Сто грама варена брокула на пареа ќе задоволат 6 проценти од дневните потреби за калциум, 8 проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Овој вид зеленчук треба постојано да биде вклучено во вашето мени со оглед на големата количина антиоксиданси кои ги содржи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote