in

82-годишниот пилот ќе лета со Безос во вселената на 20 јули!

Осумдесет и двегодишниот Воли Фанк ќе патува во вселената со Безос на летот на неговата компанија Blue Origin на 20 јули и ќе стане најстарата личност во вселената досега, објави компанијата.

Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет со патниците на таа вселенска туристичка агенција, покрај милијардерот Безос, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата за преостанатото место чие име сè уште не е откриено.

Воли Фанк беше пилот и инструктор за летање, но не и беше дозволено да стане астронаут поради полот. Компанијата објави дека ќе и биде доделено место во капсулата со десетминутен лет како „почесен гостин“.

Тие четворица ќе бидат првите луѓе што ќе полетаат со ракета Newу Шепард.

Фанк беше меѓу 13 жени кои беа обучувани како астронаути во 60-тите години на минатиот век, но никогаш не одлетаа во вселената, ниту беа дел од тимот на НАСА за астронаути, бидејќи тие се жени. Во тоа време, сите астронаути на НАСА беа воени пилоти и мажи.

Со 82 години, Фанк ќе биде најстарата личност што лета во вселената и ќе го сруши рекордот на покојниот Џон Глен, кој летал со шатлот Дискавери во 1998 година на 77-годишна возраст.

“Никој повеќе не чекаше. Дојде време. Добредојдовте во екипажот на Воли. Возбудени сме што ќе летате со нас на 20 јули како наш почесен гостин”, напиша Безос на Instagram.

Фанк беше првата жена инспектор за Федералната администрација за воздухопловство на САД и првата жена истражувач за безбедност на летот за Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote