250 гр моцарела (можете и младо сирење по ваш избор)
100 гр. тенко сецкана сланина или пршута
малку брашно
малку сол
црн бибер
масло за готвење
Начин на подготовка
Исечете ги тиквичките надолж на тенки парчиња, секоја зачинете ја и оставете ги 10 минути да отстои.
Тиквичките избришете ги со хартиена крпа и потоа секое парче набрашнете го само од една страна.
Спремете сланина или пршут.
Во истата тава испржете ги тиквичките. Првин од набрашнетата страна а потоа само неколку минути од другата страна.
Кога се тиквички готови, на набрашнетата страна ставете ја веќе испржената сланина и парче свежо сирење. Тиквичката замотајте ја во ролна, секоја прицврстете ја со чепкалка и наредете ги во тава за печење.
Печете ги на 160 степени се додека не добијат светло кафена боја.