Еден од кандидатите за претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Емили Русо вели дека ќе се бори за потписите на Килијан Мбапе (ПСЖ) и Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд).
Барселона ќе ги одржи претседателските избори на 24 јануари 2021 година, а Русо претходно објави дека негова цел ќе биде и Нејмар, а Бразилецот токму од „Камп Ноу“ се пресели во ПСЖ пред 2017 година.
За Нејмар истакна дека е невозможно да се донесе Нејмар во овој период, но планира да го ангажира по истекот на договорот со париските „светци“ во 2022 година.
За Халанд и Мбапе не е прецизирано кога Русо планира да ги обезбеди, но тој најави дека тоа ќе биде неговата цел.
Коментари
Loading…