Двата лидери на табелата во Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе играат еден против друг во четвртото коло од ФА Купот, одлучи жрепката.
Најголемите ривали во англискиот фудбал ќе играат на „Олд трафорд“ на 23. или 24. јануари и тоа ќе биде нивен втор натпревар во седум дена. Претходно на 17. јануари, Ливерпул ќе ги пречека „црвените ѓаволи“ во рамките на Премиер лигата.
Коментари
Loading…