Дали туфахијата е турско или арапско јадење е прашање на кое до денес нема сигурен одговор. Едно е сигурно – тие се исклучително вкусни и здрави.
Потребни состојки:
- 5 јаболка
- 120 гр ореви
- 40 гр суви кајсии
- 40 гр суво грозје
- 2 портокали
- лажичка цимет
- 200 мл слатка павлака
- екстракт од ванила
- 2 лажички шеќер
- малку путер
Подготовка:
Суво грозје, кајсии и половина орев ситно исецкајте, измешајте со шеќер, цимет, сок од еден портокал и две капки екстракт од ванила. Измиените јаболка исечете го горниот дел, оставете го како капак, извадете ја средината со лажица и наполнете со сечкано овошје.
Јаболката премачкајте ги малку со путер, па наредете ги во сад премачкан со путер и печете ги во рерна на 200 степени околу 40 минути. Изматете ја слатката павлака, додадете сок од друг портокал, остатокот од исецканите ореви и малку екстракт од ванила, па изматете.
Испечените јаболка наросете ги со шеќер во прав и послужете ги со шлаг.
Коментари
Loading…