Чоколаден десерт со бадеми и лешници.
Состојки:
- 125 гр наздравени излупени бадеми
- 125 гр препечени лешници
- 130 гр сув ананас
- 2 лажици какао
- 1 лажица цимет
- 100 гр пченично меко брашно
- 170 гр мед
- 30 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 70 гр црно чоколадо
Подготовка:
Грубо исецкајте бадеми и лешници, додадете ананас, какао, цимет и брашно.
Загрејте го медот, шеќерот и ванилиниот шеќер да се стопат, промешајте го чоколадото, па измешајте сè заедно и растопете.
Истурете ја врелата смеса врз претходно подготвената смеса и веднаш промешајте.
Подготвената маса брзо истурете ја во калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да добиете рамна површина.
Печете во рерна загреана на 170 степени околу 30 минути.
Испечената торта изладете ја, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои, по можност до утре.
Пријатно!
Коментари
Loading…