Во Англија нделно секој ќе има можност да направи два брзи теста за корона, а спроведувањето на оваа одлука ќе започне во петок, 9 април, како еден вид пилот програма на владата со цел да се потисне ширењето на вирусот.
Тест комплетите ќе бидат достапни бесплатно на полигоните, аптеките и по пошта.
Брзите тестови, кои даваат резултат за околу половина час, веќе им се нудат на училишните деца и нивните семејства, како и на оние кои треба да одат на работа.
Министерството за здравство наведува дека тестирањето ќе помогне во сузбивање на ширењето на вирусот во времето кога ќе бидат укинати ограничувањата, а критичарите на оваа одлука наведуваат дека станува збор за губење пари.
Одлуката е донесена во време кога кабинетот на премиерот Борис Џонсон размислува за ново олеснување на мерките, што ќе овозможи отворање пабови и ресторани.
Коментари
Loading…