Се чини неверојатно, но аспиринот или парацетамолот се навистина најбрзите и најлесните за чистење на дамките на пеглите. Пробајте сами.
Потребно е:
парацетамол или аспирин
крпа
пинцета
Ако имате тврдоглави дамки на пеглата, најлесен начин да ги отстраните е со аспирин или парацетамол. Уклучете ја пеглата максимално и исклучете ја опцијата за пареа. Земете го лекот со пинцета за да не изгори, а потоа истријте го каде се дамките, па избришете го со крпа. Додека го правите ова, отворете ги прозорците.
Ќе забележите сами како дамките исчезнуваат брзо и лесно.