Јужнокорејски индустриски дизајнер смислил сатирично решение за „зомби на смартфони“ што не можат да се одделат од екранот се додека не се „мавнат“ во ѕид или некој друг предмет.
Паенг Мин-вук (28) разви роботско „трето око“ што корисниците на паметни телефони можат да го стават на челото и со тоа да избегнат повреди при движење.
Уредот отвора транспарентен капак кога чувствува дека главата на корисникот е спуштена и е свртена кон екранот на телефонот. Кога корисникот е оддалечен еден или два метри од пречката, уредот испраќа звучен сигнал за предупредување за претстојната опасност.
„Ова е иднината на човештвото со три очи“, рече Паенг, дипломиран студент по инженерски дизајн за иновации во Лондон, за Ројтерс, демонстрирајќи ја употребата на третото око во областа на Сеул.
„Бидејќи не можеме да ги тргнеме погледите од паметните телефони, ќе ни треба дополнително око во иднина“, рече тој.
Коментари
Loading…