in ,

WTFWTF Што?Што?

АМБЕР ХЕРД ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ Џони е фантастичен актер, „паднаа“ на неговата глума

Како што многумина го нарекоа, „судењето на деценијата“ на поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд заврши во корист на славниот актер.

По шест недели, поротата пресуди во корист на Џони Деп, според која Амбер ќе треба да му плати на својот поранешен сопруг 10 милиони долари како отштета и 5 милиони долари за казнена отштета, која отпосле беше намалена на 350.000 долари, додека актерот ќе треба да ѝ даде 2 милиони долари на име компензација.

Актерката даде интервју во емисијата „Тудеј“, кое почна да се емитува денеска наутро, а на јавноста ќе ѝ биде прикажано во три дела.

Херд, чиј правен тим рече дека планира да поднесе жалба на пресудата, ја обвини и поротата дека ја освоила „одличната глума“ и „саканата“ репутација на нејзиниот поранешен сопруг Џони во јавноста.

„Ќе речам вака, како можеа да донесат суд, за да дојдат до заклучок дека не може да ми се верува? Не ги обвинувам, не ги обвинувам, всушност разбирам, тој е сакан лик и луѓето чувствуваат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер. Повторно, како можеа по три и пол недели сведочење за тоа како сум била неверојатна личност и да не веруваат на ниту еден збор што излезе од мојата уста – рече Херд.

За време на шестнеделното судење кое започна на 11 април и заврши на 1 јуни, поранешните сопружници изнесоа бројни болни и ужасни детали од бракот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote