in ,

Што?Што?

Адам Левин ја изневерувал сопругата со позната инфлуенсерка

Инфлуенсерката Самнер Строу објави снимка на платформата Тик-ток во која тврди дека имала афера со пејачот на поп-рок групата „Марун 5“, Адам Левин.

 

Како што раскажува таа, нивната афера траела речиси една година. Како доказ за овие тврдења, таа објави неколу нивни преписки на социјалните мрежи. Неколку месеци откако престанале да се гледаат, Левин ѝ испратил порака во која ѝ рекол дека планира да го именува своето трето дете по неа.

@sumnerstroh

embarrassed I was involved w a man with this utter lack of remorse and respect. #greenscreen

♬ original sound – Sumner Stroh

Една од нејзините пријателки, на која ѝ се доверила за аферата со познатиот музичар, сакала да ја продаде оваа скандалозна приказна на таблоидите. Инфлуенсерката вели дека ова е причината поради која решила да сподели сѐ со јавноста.

 

Како потсетување, Адам Левин стапи во брак со манекенката Беати Принсло во 2014 година.

Тие се родители на петгодишната Дасти Роуз и четиригодишната Џио Грејс. Моментално, Принсло е бремена со нивното трето дете.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote