in ,

СмешноСмешно Што?Што?

Адел толку се опијанила што заборавила дека е позната: Снимката стана вирален хит

34-годишната пејачка Адел уживала во ноќниот клуб Heaven во Лондон во моментот кога е направено видеото.

Тоа е ретко појавување на пејачката навидум пијана, откако јавно се откажала од алкохолот во октомври 2021 година.

Иако се објавени неколку клипови од тоа издание, еден особено се издвојува – затоа што изгледа дека Адел заборавила дека е позната.

Како што покажува снимката на ТикТок, таа се наведнува надвор од ВИП-зоната за навидум збунета да ја праша групата на подиумот: „Од каде знаат сите дека е таа?“.

Кон крајот на минатата година, пејачката зборуваше за американскиот Вог за нејзините „проблеми со алкохол“ и рече дека страда од „анксиозност“ по мамурлакот – што прво станало проблем за време на изолацијата.

„Секогаш сум малку мамурна во понеделник наутро. Опивањето стана сѐ порано и порано“, тврдеше таа.

@lifeoflaparties

Adele Forgot That She Was A Celebrity 🥃🍸#adele #partying #drinking

♬ original sound – Party With Betts 🎥

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote