in ,

СлаткоСлатко

По трагедијата во Хјустон сите ја фалат Адел за овој потег (ВИДЕО)

Британската музичка суперѕвезда Адел деновиве е во центарот на вниманието, не само поради новиот албум, туку и поради хуманиот потег на еден нејзин настап.

Светот го потресе трагедијата што се случи за време на концертот на Тревис Скот во Хјустон, кога загинаа осум лица, а неколку беа повредени.

 

Еден дел од јавноста му замери на музичарот што не го прекинал настапот и во моментот кога пристигнала брзата помош, а сега на површина „излезе“ видео на кое се гледа сосема поинаква реакција на пејачката Адел.

Имено, таа за време на еден свој настап ги запрела музичарите од својот бенд бидејќи сфатила дека една личност од публиката се онесвестила.

„Адел престана да пее затоа што едно лице се онесвести, а Тревис не престана ниту по смртта на осум лица“, „Адел е дива, такво нешто не би ѝ се случило“, се дел од реакциите на корисниците на социјалните мрежи.

Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото:

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote