Грчкиот кошаркар, Јанис Адетокумпо потпиша нов петгодишен договор со екипата на Милвоки бакс.
Навивачите на овој НБА кошаркарски клуб стравуваа претходните месеци дека еден од нивните најдобри играчи би можел да побара „трејд“, и атакува на титулата со друга екипа.
Но, денеска се израдуваа после одлуката Гркот да остане во Милвоки и еден од најдоминантните играчи во лигата ја продолжи соработката.
– Ова е мојот дом, ова е мојот град..Благословен сум што ќе бидам дел од бакс во следните пет години – напиша грчкиот репрезентативец на Твитер.
Неговиот агент потврди дека Милвоки плати 228 милиони долари за новиот договор на пет години, и на тој начин е надминат рекордот во НБА лигата.
Коментари
Loading…