Агентот на младата суперѕвезда Ерлинг Халанд, Мино Раиола се сретна со челниците на шпанските гиганти, Барселона и Реал Мадрид за да преговара за иднината на напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Таткото на Халанд, Алф Инге, беше присутен во преговорите со претседателите на двата клуба, Лапорта и Перез. И двата клуба се во некој вид на криза моментално и ќе биде тешко да ја исплатат сумата која ја бара Борусија, а се проценува дека е во висина околу 150-180 милиони евра. Челси и Манчестер Сити се меѓу заинтересираните за Халанд.
Коментари
Loading…