Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити се приклучи на екипата на Барселона како слободен агент.
Аргентинецот доби договор во времетраење од две години. Агуеро, 32, го напушти Сити по 10 години поминати во клубот и во тој период успеа да стане најдобар стрелец во историјата на „Граѓаните“ и да забележи 390 настапи са светло синиот дрес.
Неговиот последен настап за клубот беше во финалето на ЛШ против Челси. „Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб во светот. Мислам дека направив одлична одлука да се приклучам на тимот, многу сум среќен и едвај чекам да започне следната сезона“ изјави Кун Агуеро.