За „услугите“ на напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро се заинтересирани многумина клубови. На Аргентинецот му истекува договорот ова лето и наводно започнал преговори со неколку екипи. И покрај проблемите со повредите, Агуеро е еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Најголем интерес покажува Барселона, но постојат повеќе екипи кои сакаат да го ангажираат напаѓачот на Граѓаните. Најголема конкуренција на Каталонците во трката за неговиот потпис се италијанските гиганти Интер и Јувентус. Останува да видиме кој ќе го добие потписот на Агуеро.
Коментари
Loading…