in

Ајакс со фантастичен гест им додели 42 илјади ѕвездички на верните навивачи откако го истопи трофејот од домашното првенство!

Ајакс го истопи трофејот кој го освои оваа сезона во Ердевисие лигата и им додели 42 илјади ѕвездички направени од истиот на верните фанови.

Холандскиот гигант Ајакс одигра 30 средби од вкупно 34 пред празни тробини на нивниот стадион Јохан Кројф Арена поради пандемијата од коронавирусот. Но клубот со спрецијален гест не ги заборави навивачите и им додели „дел од победата“, како што ги нарекоа тие сребрените ѕвездички кои беа доделени на навивачите.

Јавноста и познатите критичари позитвино реагираа на овој гест на Ајакс. Многумина ја поддржаа оваа иницијатива. Капитенот на холандскиот клуб, Душан Тадиќ напиша на социјалните мрежи: „Навивачите навистина ни недостигаа оваа сезона за време на сите натпревари. Ние се одлучивме да ја посветиме оваа титула на нив“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote