in

СлаткоСлатко

Ајкула ме изгриза и ме плукна: Прво интервју на човекот што го нападна голема бела ајкула (ВИДЕО)

Откако на 22 јуни  преживеа напад на голема бела ајкула во водите кај местото Пацифик гров, Калифорнија, Стив Брумер (62) беше отпуштен од медицинскиот центар „Навитидад“ каде што раскажа како се случил нападот.

Во видеото објавено од Медицинскиот центар Нативидад во Салинас, Калифорнија, Брумер се појавил во сина маица со натпис „преживеав напад на ајкула“ и раскажал дека ајкулата го изгризала за бутовите и стомакот, а потоа „го плукнала“.

„Не сум фока“, рекол Брумер, пензиониран професор на колеџот Монтереј. „Таа мислеше дека сум фока. Ние не сме нивна храна“.

„Таа ме гледаше, беше веднаш до мене. Мислев дека повторно ќе ме касне, па ја турнав со рака и ја клоцав и таа замина“, рекол тој.

 

Брумер го извлекле од водата веслачи кои се испоставиле дека биле медицинска сестра и полицаец, како и сурфер кој случајно се нашол во близина.

„Тројцата дојдоа до крвавата вода, ме извлекоа на даската за сурфање и ме одвлекоа до плажата“ и покрај ајкулата што можеше да кружи во близина“, рекол Брумер, нарекувајќи ги своите спасувачи херои.

Брумер примил 28 единици крв и им се заблагодарил на сите што му го спасиле животот.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote