in ,

Што?Што? ТаженТажен

АЈКУЛА „ПРЕПОЛОВИ“ ПЛИВАЧ ВО АВСТРАЛИЈА: Очевидците ги слушнале врисоците на мажот додека водата била обоена во крв

Пливач починал откако бил нападнат од ајкула долга четири метри. Преплашените очевидци велат дека ги слушнале врисоците на мажот додека крвта ја боела водата.

Молскавично се шири застрашувачка снимка од плажата Литл Бич Беј во Австралија, на која преплашени локални рибари гледаат како пливач го напаѓаат ајкули. Амбулантни возила на итната медицинска служба веднаш пристигнале на местото, односно во близина на заливот Лилт во источен Сиднеј, откако ја добиле пријавата.

По алармот, спасувачките хеликоптери и спасувачите на скутери се вклучиле во потрагата по пливачот и по ајкулата убиец, а на десетици локални капачи им било наредено да излезат од водата, пренесува Дејли Мејл.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote