in

Што?Што?

Ако се плашите од анемија, погледнете ги дланките

Најчести симптоми на анемија, односно недостаток на железо се: отежнато дишење, неправилно чукање на срцето, депресија, низок крвен притисок, нарушена меморија, главоболка, бледа кожа, зуење во ушите.

Доколку ги препознаете симптомите кои укажуваат на анемија, многу е можно да имате проблем со железото.

 

Анемијата е предизвикана од недостаток на железо, кое е важно за формирање на црвени крвни зрнца, како и за пренос на кислород во нашето тело.

Немањето доволно црвени крвни зрнца доведува до анемија, која најпрво можете да ја забележите со бледа кожа.

Добар начин да проверите дали има недостаток на железо е да ги држите рацете пред вас со дланките свртени нагоре и со прстите раздвоени.

Ако наборите на вашата дланка се светли во споредба со бојата на вашата кожа, тоа може да укаже на слаба циркулација предизвикана од ниските нивоа на железо.

На тоа укажуваат посветлиот корен на ноктот и бледата боја на внатрешната линија на долниот очен капак.

Најдобар начин да ја победите анемијата е да јадете што е можно повеќе храна богата со железо, како што се: калинка, домати, сусам, спанаќ, брокула, соја, школки, урми, смокви, вино од капини.

Анемијата може да се потврди само со тест на крвта, па ако ги забележите овие симптоми, посетете го вашиот лекар и направете тестови на крвта.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote