Уште една грешка во сојузната држава Мичиген исто така ги „искриви резултатите од гласањето“ во корист на демократите!
Доналд Трамп победи во пребројувањето во округот Мичиген, откако изборните власти го доведоа во прашање водството на Џо Бајден во упориштето на републиканците.
Друга грешка во таа сојузна држава исто така ги „искриви резултатите од гласањето“ во корист на демократите.
Прелиминарните резултати во округот Антрим покажаа „голема победа“ на демократскиот предизвикувач, кој доби повеќе од 3.000 гласови, во 98 проценти од избирачките места. Трамп освои 4000 гласа во тој округ во 2016 година. Претставниците на локалните избори одлучија да спроведат делумно пребројување на гласовите, што покажа дека Трамп има предност во округот од скоро 2.500 гласови.
Чудна грешка во броењето беше спомената за време на прес-конференцијата одржана од претседателката на Републиканската партија во Мичиген, Лора Кок, на која таа покрена прашања во врска со наводниот „неуспех“ на изборниот софтвер користен во 47 области во Мичиген.
„Во округот Антрим, сите гласачки ливчиња мора да бидат преброени, а окрузите кои го користат овој софтвер мораат внимателно да ги прегледаат резултатите“, рече таа.
Коментари
Loading…