Веста која фановите на Реал Мадрид веќе подолг период со нетрпение ја очекуваа, беше потврдена од кралскиот клуб.
Австрискиот репрезентативе, Давид Алаба како слободен агент се пресели во Мадрид и од следната сезона ќе ги носи боите на кралскиот клуб. Алаба потпиша повеќегодишен договор во времетраење од 5 години и ќе настапува за Реал до 2026 година.
Тој досега играше за германскиот гигант Баерн Минхен и со нив 10 пати ја освои германската Бундеслига и 2 пати Лигата на Шампиони. Тој игра повеќе позиции во одбраната, но може да игра и како крило.