Министерството за здравство на Албанија соопшти дека граѓаните кои ќе ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19 ќе добијат ковид-пасош од страна на владата на државата, а со тоа Албанците ќе може да патуваат слободно во другите земји.
-Беше планирано и се подготвивме преку системот е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Секое лице кое ја примило првата дозна од вакцината против Ковид-19 ќе добие пасош за патување во странство, изјави министерката на државата.
Коментари
Loading…